Инвеститура на Големиот Приорат на Македонија, одржана во Скопје на 27.10.2018 година
Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија на кој освен информации за тековните активности на Редот се изврши и прием на еден Новис, издигнување на тројца Штитоносци во Витези, назначување на 2ца офицери, одликување на двајца офицери со орден на Големиот Крст и назначување на б. Giuseppe Scidone за Приор на Чешка од страна на с.Снежана Зечевиќ, Legat Magistrale за Чешка. Нека им е среќно.
На Собирот имавме чест да ни се обрати почесниот член на Редот Проф. Благоја Брајановски, чија најнова книга “Богатството е во сите нас“ ќе биде издадена од страна на O.S.M.T.H Македонија и набрзо ќе имаме можност да ја промовираме пред членовите и гостите на Редот.