Христијанство

Настанува во Палестина околу 30 г.од Новата Ера како разделба од Јудизмот, врз основа на која поставува темели од светите текстови од еврејската Библија позната на Христијаните како Стариот завет (некои научници асоциираат на Јудизмот со други источни култови, на пример: ирански митраизам или култ кон египетскиот Бог Озирис). Христијанството се класифицира како религија, исто како Јудизам и Ислам, произлегувајќи од Авраам (во исламот Ибрахим) поради централното место на партијархот во трите религиозни традиции.

 

Со името Христијанин најпрво се наречени следбениците на христијанството во Антиохија, како што е запишано во Новиот Завет во книгата „Делата на апостолите“ глава 11 стих 26 ( скр. Дела 11:26). Првиот пишан термин Христијанство е од Игнатие Антиохиски. Новата религија најнапред се распространува во Палестина како и во Северна Африка, Мала Азија, Блискиот Исток и во Европските земји на Римската Империја, воглавно преку апостол Павле.

 

Христијаните се следени од Римјаните се до наредбата Христијанството да стане религија во империјата со Миланскиот едикт од 313 г. на царот Константин.
Христијаните го идентификуваат Исус со Месија (Христос). Титулата Месија доаѓа од еврејскиот збор „Машија“ (מָשִׁיחַ) кој значи „тој што е помазан“, а на грчки тој збор е „Христос“ (Χριστός) како што денес го користиме и во македонскиот јазик.

 

Христијаните веруваат дека Месијата Исус е помазан да биде управител и спасител на евреите и целото човештво. Со првото доаѓање се исполнуваат старозаветените пророштва и наближува небесното царство. Христијанската концепција значително се разликува од современата концепција во Јудаизмот. Повеќето Христијани веруваат дека Исус е Вистински Бог и Вистински човек (или потполно Божествен и Богочовек). Исус станува потполно човек во сите аспекти, исклучителен во својот морал, поминува низ болките и искушенијата на смртниот човек без да згреши. Бидејќи како Бог, Тој ја победува смртта и воскреснува за живот преку Воскресението.

 

Според Христијанските писанија Исус се раѓа од Марија која е девица. Зачнувањето не станува преку сексуален чин туку преку силата на Светиот Дух. За детството на Исус е многу малку спомнато во канонските евангелија (Матеј, Марко, Лука и Јован) во коишто најмногу е опишано неговото служење од што најмногу последната недела (наречена Страсна). Библиското посветување на службата на Иисус започнува со неговото крштевање од страна на Јован Крстител и ги наведува чудесата кои што Иисус ги вршел: претвора вода во вино и ги лекува болните. Исто така се цитираат неговите учења, како проповедите на планината, како и изборот на дванаесетте апостоли.

 

 

Св.Троица (Триединството на Бога)

 

 

Повеќето Христијани веруваат дека Бог е едно вечно суштество кое што опстојува како три одделни лика (или поточно како Отецот, Синот и Светиот Дух). Во Јудаизмот останува верувањето дека има еден семоќен Бог кој ја создал Вселената и ја подржува во опстојувањето. Врз таа основа божественоста на Христос и божественоста на Светиот Дух се изразува преку доктрината за Божјото троединство, во западната Богословска мисла или во Св.Троица, во источната Богословска мисла. Според таа доктирна и трите лица имаат една божествена сушстественост. Тие не се делливи. Поскоро секое лице ја подржува таа суштественост. Различни се постанувањата и взаемната врска помеѓу лицата. Отец е нероден, Синот е вечнороден од Отецот, а Духот е вечно произлезен од Отецот. Самата природа на Божјото суштествување е да биде Света Троица. Триединството на Бога треба да се восприема на различно ниво од неговото Единство. Тоа не се однесува на раѓањето на Иисус од Марија, туку за вечното и божествено „раѓање“ пред создавањето. Бог-син суштествува вечно и пред да прими форма на човек или да се вплоти. Никогаш не постоело време, кога синот не суштествувал.

 

 

Спасение

 

 

Повеќето Христијани веруваат дека спасението од гревот и смртта е достапно преку вера во Исус како спасител, поради неговата искупителна жртва на Крстот каде што тој плаќа за нашите гревови. Примањето на спасението е поврзано со правдањето и вообичаено се подразбира како аткивност на незаслужена Божја благодед. Начинот на дејствие и благодата на Бога се разбираат по различен начин од различни традиции.

 

Католицизмот и источното православие учат за неопходноста од взаемна соработка помеѓу слободната волја на човека и благодетта на Бога. Реформаторската теологија (најмногу Калвин) оди подалеку налагајќи ја зависноста на човекот од благодетта и учејќи за потполна расипаност на човекот и неоснованост за благодет.

 

Во ерменското разбирање основата е во слободата на изборот (за спасение) предвремената Благодет , дадена на сите луѓе за да поверуваат и повторно зависноста на спасението од благодетта на Бога. Разликите тука се појавуваат врз основа на различните погледи за првородениот грев.

 

 

Св. Писмо

 

 

Христијанството ја смета Библијата како вдахнат збор од Бога. Библијата се состои од два дела Стар завет и Нов завет. Библијата е напишана од луѓе кои се вдахновени од Светиот Дух, затоа зборот е непогрешиво Божјо Слово. Во протестанската традиција се верува дека Светото Писмо ја содржи целата вистина неопходна за спасение.

 

 

Стариот Завет е составен од целиот еврејски завет, така што во христијанските канони книгите се подредени различно во споредба со Еврејскиот Стар Завет. Некои од книгите кај Евреите се разделени на неколку книги во Христијаснските канони. Католицизмот и источното православие вклучени во каноните како книги од еврејските канон така и книгите преведени во преводот на седумдесет книги (септуагинта). Тие дополнителни книги се нарекуваат второ – канoнички од католичката и православните цркви, а од протестанските цркви Старозаветни апокрифи (не треба да служат за основа на Верата).Некои традиции подржуваат и други канони. Етиопската православна теуахедо црква имаат два канона, тесен (кој што е пообемен од Библијата) и широк кој што има уште повеќе книги. Црквата на Исус Христос на Светите од последните денови (попозната како Мормонска црква) подржана во канони се уште три вон библиски книги, кои што се сметаат за Боговдаховено слово: Книгата на Мормон, Учења и завети и Скапоцениот Бисер.

 

 

Толкувањето на Светото Писмо

 

Во основа Христијаните се потполно согласни со содржината на Библијата ,таков консензус не суштествува во однос на нејзиното толкување (или поточно Екзегесис). Во дамнина се раѓаат две екзегетични школи – Александриска и Антиохијска. Претставник на Александриската школа е Ориген, кој што му дава на Писанието првобитно алегориско значење. Антиохијската школа се држи до буквалното толкување на тезата дека другите значења можат да откријат само доколку изнесе пред тоа буквалното значење. Римо-католичното богословие прави разлика помеѓу два вида: значења на текстот – буквално и духовно , последото од што се дели алегориско, морално и анагогично. Буквалното е значењето предадено преку зборовите во Писанието и обвиткано преку методите на екзегезата по правилата на разумно толкување. Алегориското значение вклучува типологија (на пример – преминувањето на Црвеното море како тип или симбол на крштевањето). Моралното содржи етичко учење. Анагогичното содржи есхапологично учење, постоечко значење за вечноста и крајот на светото. Католичко богословие користи и други правила за толкување кое што вклучува: претписание, дека сите други значења на писмото се базираат врз буквалното значение, дека историјата на евангелијата треба веднаш да се подржи и дека Писанието треба да се чита како да се има предвид живата традиција во самата црква и последно дека задачата за толкување е предадена на епискотпите кои што се во ветување за наследникот на апостол Петар во Рим = Папата.
Многуте протестанти се потпираа на букавлното значение или историско-граматички метод, дури до состојба при која што ги отфрлаат сите други значења. Мартин Лутер зборува за едно точно и едноставно разбирање на Писанието. Другите протестанти сеуште ја користат типологијата како метод. Протестантите сметаат дека и обичниот верник може да достигне сам до адекватното разбирање на Писанието, зошто самото тоа е доста јасно и верникот го има на располагање и Светиот Дух. Мартин Лутер смета дека без поткрепата на Светиот Дух, Писанието би останало неразбрано и во темнина. Жан Калвин пишува дека сите мораат во Писанието да најдат светлина.

 

Втората хелветска исповед на верата вели: „Ние се придружуваме кон тоа да толкувањето на Писанието е ортодоксно и вистинско, кое што е добиено од споредувања со самите Писанија од убавините на користениот јазик, одржливоста на нивното пишување и разтолкувани врз основа на појасни поглавја“. Писанијата на црковните Отци и решенијата на Вселенските собори се сметаат за не-боговдаховени во смисла во кое што е боговдаховено Писанието и би можеле да бидат отфрлени , меѓутоа се потпишува за богословието.Во православаната традиција Светото Писмо (Писание) е дел од самата традиција и истото се толкува и разгледува преку призмата на источните црковни Отци. Решенијата на првите седум Вселенски собори и црковни преданија. Исто така и кај римо-католицизмот црквата е одговорна да даде правилно толкување на Писанието врз основа на Преданието со таа разлика што ниту еден епископ нема право да ја определува вистината за вера, пред да има решение од Вселенскиот Собори.

 

 

Основни начела

 

Православие

 

Првобитниот термин православие се раѓа како значение на правилното учење на Црквата , утврдено на соодветните Вселески и помесни собори. Дури след Големата схизма (шизма) – расколот помеѓу Запаната и Источната Црква – 1054 година, започнува да се употребува како самонаречена од црквите кои што гравитираа околу Константинопол. Треба да се одбележи дека Католичката црква како и секоја од древните цркви исто така се нарекува себе си како „Православна“, додека Православната црква се нарекува себе си „Вселеска“ т.е. Католичка. Така како самонаречените католицизам и православие, произлегуваат ‘’Римокатолицизам’’ и ‘’Источно Православие’’. После Схизмата правени се неколку обиди за зближивање и обединување помеѓу западната и источната црква кои што поради редица причини не успеале. По 17. век многу православни цркви влегуваат во унија со Ватикан каде што ги губат обредите, но со висок степен примаат католичка веронаука т.н. „Цркви од Источен ритуал“ или разговорно Унијати. Со тек на времето јазот помеѓу двете цркви станува се подлабок и едвај од втората половина на 20. век започнуваат новите обиди ако не за обединени, барем за зближување и взаемно полезни контакти.

 

Учење

 

Православното учење се базира врз основа на Светото писмо, Светото предание и решенијата на Вселенските собори (за таквите ги признава првите 7). При тоа толкување и постулати се зема во предвид учењето т.е. „Свети Отци“ и на учителите на Црквата. Основен вероучителен документ е Никејско-Цариградскиот симбол на верата. Православието исповеда Еден Бог, Троен по лица (Отецот, Синот и Светиот Дух) кои што се сплотени помеѓу себе. Второто лице на Св.Троица – Бог, Син или Словото се отелотворило и станало човек во ликот на Исус Христос. Споед учението на Православната Црква, историскиот Исус Христос е едновремено и Бог и Човек кој што има две природи и две вољи – Божествената и Човечката. Божјата благодед се дава на луѓето од Светиот Дух со посредство на тајните кои што за денешните цркви се седум. Се проповеда есхатологичното воскресение на мртвите пред страшниот Суд. Самата црква се подразбира како богочовечки организам чија што глава е Бог а верниците се различните негови делови. Се дава почит на светците особено кон Богородица која што по светоста ги надминува дурите и највистоките ангелски чинови. Почитувањето на Светците е повразно со иконопотчинувањето.

Активности

06.11.2024

Att. Grand Prior General of Serbia, DEJAN JEREMIC, Knight Grand Cross

 

Dear Brother Dejan,

On behalf of the Grand Priority of Macedonia, I offer my deepest condolences to our friends, brothers and sisters in Serbia, in these moments of big sadness.

We grieve with you and with the families of the 14 innocent victims, and our prayers are with the friends and families of the 3 wounded, hoping for a quick and successful recovery.

Повеќе »

Att. Grand Prior General of Spain, CRUZ CELDRAN, Dama Grand Cross

 

Dear Sister Celdran,

On behalf of the Grand Priority of Macedonia, I offer my deepest condolences to our friends in Spain in these moments of sadness.

Повеќе »

20.10.2024

Семеен викенд и Свечен Интернационален Собор на Редот во комплексот Попова Кула во Демир Капија, од 18-20.20.2024 година.

Повеќе »

27.09.2024

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 26.09.2024 година.

Повеќе »

10.09.2024

Годишен Меѓународен Собор на OSMTH, Шпанија 06-08.09.2024 година

Повеќе »

Контакт



© 2024 OSMTH Magnum Prioratum Macedoniae