Презентација на тема СВЕТИОТ ГРАЛ

03.09.2019 – Скопје, Презентација на тема СВЕТИОТ ГРАЛ подготвена и образложена од Брат Зоран Георгиевски на последниот неформален Собир на Големиот Приорат на Македонија одржана во Хотел Гарден и Спа.

Светиот Грал.

Легенда која со векови интригирала, движела војски и обликувала теорија за тоа што би можел да биде Гралот. Дали е тоа митски пехар или крв на светото семејство, односно наследната лоза која потекнува од самиот Исус, но и многу пред него во историјата. Првото споменување на Гралот било забележано во 1190 год. Францускиот писател Хретиен Де Троис кој за него зборува во делото “Персифал”.

Она што особено интригира е тоа што светиот грал по логика на работите би требало да биде сметан за темелен и основен документ за христијанството но тој ниту во раните христијански пишувања ниту во Новиот завет, воопшто не се споменува. Подоцна настанала службена црковна верзија која вели дека Гралот е пехар од кој Исус пиел на последната вечера. После распнувањето крвта од Исус била собрана во тој пехар а тоа го сторил Јосиф од Ариматеја. Тој подоцна Гралот го пренел дури до Англија каде бегајќи од непријателите дошол во Гластон Бери и ја основал првата христијанска црква. Овој локалитет во преданијата е познат и како последното почивалиште на кралот Артур. Со Гралот се поврзуваат и витезите Темплари кои по официјална службена верзија дошле во светата земја  за да ги заштитат многубројните верници.

Ништо тука не би било спорно доколку Темпларите не биле само деветмина и скоро во период од приближно 12 месеци воопшто не излегувале од под храмот на Соломон, каде вршеле ископувања. Никогаш не било јасно што точно пронашле таму, но она што е сигурно дека по враќањето во Франција  Темпларите станале богат влијателен и моќен ред.

Дали се тоа доаѓало од Гралот?

Ниту после распаѓањето на Темпларите не било јасно кој бил изворот на моќта ниту пак тајната била пренесена на некој друг. Но низ вековите почнала да се пробива теоријата дека Гралот всушност е наследната лоза на Исус поточно неговите наследници што произлегле од бракот со Марија Магдалена која била негова законска жена.

Таа пак бегајќи од светата земја нашла прибежиште во Јужна Франција и почнала да формира христијански заедници отповикувајќи се на  наследното право на управување со црквата што и го дал Исус на тајната вечера. Нормално таквите приказни предизвикале големи негодувања во службените црковни кругови кои своето наследно право на управување со христијанството го темелиле врз линијата која водела од Петар на кој Исус му ветил дека ќе изгради своја црква.

Митот за светиот Грал што го создале витезите Темплари и Катарите од Прованса следбениците на  Богомилите од Македонија не е ништо друго туку метафора за изгубениот идеал на човештвото –а тоа е љубовта.

Тој изгубен идеал на човештвото ќе му го вратат преку canso’d’amor или песната за љубовта на Провансалските трубадури предвесниците на ренесансата, кои пеат за човекот и ја слават неговата љубов.

Љубовта е најмоќното оружје со кое единствено може да се промени светот и човештвото.

Се родил Amor не случајно спротивно од  Roma – Рим.

Поимањето за љубовта пред појавата на Amor се сведувало на два термина: Aгапе и Филес кои биле наследени од антиката.

Агапе, возвишеното чувство на човекот поттикнато од Еросот кое било тешко описливо и Филес кое означува пријателска љубов.

Трубадурите најповеќе биле активни во периодот од 12-13 век на подрачјето на денешна Јужна Франција. Тие своите песни со љубовна тематика ги пишувале на најпрефинетиот од сите народни Романски јазици Langue’doc – народен јазик на кој зборувала скоро цела Франција.

Тие патувале од град до град најчесто пратени од професионални манестрели наречени жонглери изведувајќи ги своите песни на: Харфа, Виолина, Флаута, Лаута и Гитара.

Во дворовите на богатите, на пазарите или на витешките турнири и саемите, на прославите и свеченостите, музичките настапи на трубадурите секогаш биле дел од секоја забавна програма.

Трубадурите поттекнувале од различни социјални средини. Некои биле родени во угледни фамилии некои од нив биле кралеви, но многумина од нив биле со скромно поттекло кои се издигнале на ранг на трубадури и стекнале висок статус во општеството.

Многумина од нив биле високообразовани и патувале насекаде.Имале галантно однесување пристојно владеење и добро ја познавале поезијата и музиката.Благодарение на крстоносните војни дошло до отворање на трговските патишта кон истокот.Развојот на трговијата во 12-13 век допринел да јужните делови на Франција станат многу богати.

Благодарение на богатството луѓето можеле да си дозволат забава, образовение да го развијат префинетиот вкус во уметноста и отмен живот.Богатите Аристократи од Langdoc и Прованса биле најголеми погровители на трубадурите.Тие биле високо ценети а со тоа извршиле силно влијание врз аристократијата во поглед на вкусот модата и однесувањето.Трубадурите извршиле револуционерна промена на ставот на тогашното општество према жените.

На средновековните ставови кон жената најголемо влијание извршила црквата која жените ги сметала за одговорни за тоа што мажот паднал во грев и бил протеран од рајот. Жените се сметале за заводнички, орудие на Ѓаволот, нужно зло. На бракот често се гледало како понижувачки начин на живот. Црковниот закон дозволувал тепање и отфрлање на сопствената сопруга, со што уште повеќе се придонесувало за понижениот и подреден однос на жената спрема мажот.

Жените во секој поглед се сметале за помалку вредни од мажите. Мегутоа со појавата на трубадурите мажите почнале да ги менуваат своите ставови спрема жените благодарение на Amor.

Прв познат трубадур бил Вилијам IX војводата од Аквитанија. Неговата поезија била прва која ги содржала елементите кои го карактеризирале трубадурското единствена поимање за љубовта, познато како витешка љубов. Провансалските поети ја нарекле  Verai’amors (Права Љубов) и Fin’amors (Префинета Љубов).

Револуционерната новина била тоа што повеќе жените не се сметат за проколнати и пронижени во однос на мажите.Трубадурската поезија ја возвишувала жената, искажувајќи и голема чест и почитување. Жената станала втемелувач на благородните и сопствените особини.Трубадурската љубов барем теоретски требала да остане невина. Неговата примарна цел не била да ја владее дамата, туку да доживее морално прочистување поттикнато од љубовта кон неа. Да би го покажал своето достоинство поетот чувствувал потреба да ја развие понизноста самоконтролата, стрпливоста, лојалноста и сите други благородни особини што ги поседувала жената.Така љубовта ги менувала дури и најпримитивните мажи.Трубадурите верувале дека витешката љубов изворот на моралното и општественото прочистување, човечкото однесување и благородните дела имаат основа во љубовта.

Со будењето на оваа идеја таа станала основа за голем број за правила на однесување кои со текот на времето ги прифатиле сите социјални слоеви. Започнал да егзистира еден нов стил на живот различен од претходниот исполет со бруталност и грубост. Жените сега очекувале да нивните мажи бидат самопожртвувани, обзирни, љубезни – да бидат џентлмени.

Набрзо трубадурската уметност брзо се проширила низ европа во Шпанија, Португалија, Северна Франција, Германија и Италија.

Трубадурската тема за витешката љубов споена со идеалите на кавалерското однесување го создало литературниот стил познат како Романса.

На пример со мешањето на идеалот на витешката љубов, со легендите на Келтска Бретања трубадурот Хретиен Де Троис особините на великодушноста и заштитата на сиромашните ги претворил во приказната за кралот Артур и витезите на кружната маса.

Трубадурската уметност допрела и во Македонија. Свое место нашле во градот Охрид каде живее и до ден денес. Голем број на песни биле испеани од Охридските трубадури под прозорците на своите сакани и на Охридските чунови пловејќи по езерото. Никогаш претходно поетите не уживале таков углед и никој пред нив не уживал во толкава слобода на говорот.Тие фалеа и осудуваа, станаа гласот на народот, влијаеле и на политичките ставови и станале промотори на новите идеи за промена на општеството базирано на љубовта.

Трубадурите ја промениле доктрината на христијанството. Дотогаш бог бил сваќан како страшен судија од кој треба сите да се плашеме и дека секој наш грев направен во земниот живот ќе биде земен во предвид при судењето на душата после смртта од кое зависи дали таа ќе оди во пеколот или рајот. Меѓутоа бог од страшен судија се претвара во љубов, убавина и вистина. Стравот кај луѓето исчезнал, луѓето почнале да се радуваат на животот и со песна, игра и радост да го слават животот и богот на земјата и небото.

Меѓутоа ваквите револуционерни промени во Европа поттикнати од трубадурите не биле прифатени од црквата.Тие биле обвинети како Катарски еретици па морале да бегаат од Франција во земјите каде што не постоело непријателско расположение према нив. Инквизицискиот закон го забранил пеењето на било која трубадурска песна. Меѓутоа нивното наследство преживеало. Нивните антиклерикални песни создале клима во Европа од која ќе се појави реформацијата, така да трубадурите ќе ги памтиме по многу повеќе работи а не само по нивните љубовни песни.

Драѓи браќа и сестри Темплари

Потрагата по Гралот и понатаму продолжува во нашето современо време. Можеби човештвото и треба да има ваков таинствен и недостижен предмет чија цел е смислата на постоењето. Нашите претходници – Витези преку приказната за Гралот ни го оставија заветот за неостварениот идеал на човештвото – Љубовта.

Љубовта треба да ни претствавува врвен идеал во животот со кој ќе се менуваме самите и светот во кој ќе живееме.

Изворното значење на поимот за љубовта е дека станува збор за волјата божја од човекот да направи бог. Верата во бога ни дава сила да изразиме вистинска љубов а надежта да ја потврдиме истата со дела. Само во љубовта целосно си припаѓаме едни со други без при тоа воопшто да се поседуваме.

Единствено љубовта овозможува суштинско единство во кое се запазуваат различностите. Низ перспективата на личноста, љубовта го исцелува и го преобразува дијаболичниот карактер на меѓусебните односи.

Љубовта ја покажува личноста во вистинско светло бидејќи личноста е љубовно  устројство на постоењето. Љубовта е кога даваш се од себе. Животот и нема поинаква смисла од таа да биде училиште на љубовта.

Таа е единствената сила која што води право кон целта на сечии живот.

Љубовта е подвиг да се осмисли постоењето и во себе носи моќ на сеопшта идентификација преку непосредно сознание. Човек и неможе да се познае себеси без да и се предаде на љубовта која е единствената воља што го надвишува разумот.

Слободната воља на човекот нема друга достојна намена освен љубовта, бидејќи вистинската слобода е способност за љубов.

Луѓето најтешко од се ќе ви ја простат љубовта а тежината на гревот е токму во неговата усмереност против љубовта. Впрочем, свесно го убиваме секого што одбиваме да го љубиме. Љубовта е уверлива и утешителна, а верата и надежта се единствените докази достојни да го посведочат нејзиното постоење.

Неа можеш да ја имаш само доколку со својата вера и дозволиш да постои и во својата надеж и овозможиш да се оствари, затоа што, задоволството на љубовта е во потврдувањето на верата и остварување на надежта.

И што друго е љубовта, ако не можност да се познае вистината и способност да се изврши правдата. Љубовта е единствената сила која победува и превладува без присила така што ослободува и одоброволува.

Љубовта е единствената сила која води кон целта на нашиот живот.

Кога ќе одете во кралскиот дворец Лувр во Парис, кој е претворен во уматничка галерија, ќе ја видете стаклената пирамида. Кога ќе се спуштете под неа ќе видете една чудна инсталација. Една пирамида свртена надолу и една свртена нагоре кои едвај се допираат во една точка. Оваа инсталација предизвика големо внимание во светот и сите се впуштија во нејзино толкување. Се изнаслушавме секакви приказни па и тоа дека масоните таму го сместиле гробот на Марија Магдалена жената на Исус од Назарет.

Дали некој со оваа инсталација оставил порака за иднината на човештвото. Пирамидата свртена надолу го претставува женскиот принцип, а пирамидата свртена нагоре машкиот принцип. Нивното доближување и допирање со врвовите е местото каде што се создава љубовта, таа чудна енергија од кој е изграден и почива целиот универзум.

Ако внимателно ги погледнеме двете пирамиди ќе видеме дека тие така споени во една точка наликуваат на еден предмет. Тој предмет е гралот. И пак дојдовме до него. Со геометријата на гралот најповеќе се занимавал словенскиот архитект Јоже Плечник кој живеел и работел во Љубљана помеѓу двете светски војни. Тој меѓу многуте архитектонски ршенија во градот го обновил манастирот на витезите Темплари кој денес го викаат Крижанки, а таму е сместено средното уметничко училиште.

Случајно или не Меланија Трамп била ученичка на тоа училиште. Таму јас за прв пат дојдов во контакт со темпларствто и темпларите. Некој ми кажа дека и самиот архитект Јоже Плечник допринел да се формира ложата на темпларите на кој што и сам припаѓал. Кога отидов на неговиот гроб видов една бела мермерна плоча на која на средината беше издлабен гралот. На неа оставив буќет од два цвета, едниот беше бел трендафил, а другиот црвен. Тоа беа Адонис и Афродита и нивната приказна за најгоемата митска љубов и воскресението. И пак дојдовме до љубовта. Па нели и знамето на темпларите е црвен крст на бела основа. Меѓутоа за тоа ќе ви раскажам во друга прилика.

Браќа и сестри темплари,

Сакам овој мој есеј да го завршам со еден цитат од Еванѓелието на вистината напишано од големиот магистер Филон кој вели „Витезот е силен, кралот е посилен, мудроста е најсилна, но љубовта се победува“.

 

Зоран Ѓорѓиевски

Мајстор на резбарската уметност

Новус во витешкиотRред на Vитезите Tемплари

 

 

 

 

Активности

06.11.2024

Att. Grand Prior General of Serbia, DEJAN JEREMIC, Knight Grand Cross

 

Dear Brother Dejan,

On behalf of the Grand Priority of Macedonia, I offer my deepest condolences to our friends, brothers and sisters in Serbia, in these moments of big sadness.

We grieve with you and with the families of the 14 innocent victims, and our prayers are with the friends and families of the 3 wounded, hoping for a quick and successful recovery.

Повеќе »

Att. Grand Prior General of Spain, CRUZ CELDRAN, Dama Grand Cross

 

Dear Sister Celdran,

On behalf of the Grand Priority of Macedonia, I offer my deepest condolences to our friends in Spain in these moments of sadness.

Повеќе »

20.10.2024

Семеен викенд и Свечен Интернационален Собор на Редот во комплексот Попова Кула во Демир Капија, од 18-20.20.2024 година.

Повеќе »

27.09.2024

Свечен Собор на Големиот Приорат на Македонија се одржа во Скопје на 26.09.2024 година.

Повеќе »

10.09.2024

Годишен Меѓународен Собор на OSMTH, Шпанија 06-08.09.2024 година

Повеќе »

Контакт



© 2024 OSMTH Magnum Prioratum Macedoniae